Раџи го заплашува Јуве: Мбапе ќе ја расплаче и „старата дама“

Дефанзивецот на Монако, италијанскиот интернационалец Андреа Раџи, за медиумите на Апенините изјави дека младиот напаѓач Килијан Мбапе ќе му пресуди и на Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите. Мбапе даде значајни голови за францускиот тим и придонесе значајно во елиминацијата на Манчестер сити и на Борусија Дортмунд, а Раџи смета дека истата судбина го чека и италијанскиот првак Јувентус.

„Имавме тежок ждреб, но нема лесни противници кога сте стигнале до полуфиналето во Лигата на шампионите. Јувентус е одличен тим, ја елиминира Барселона, и можам да кажам дека е уште посилен од пред две години, од последната наша средба. Но, и ние сме посилни. Го имаме неверојатниот талент Мбапе, кој сигурен сум дека ќе го расплаче и Јувентус. Со нив имаме недовршена работа од минатото и мислам дека сега дојде вистинското време за да возвратиме“, изјави Андреа Раџи.

Се вчитува...