Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим и Лум во недела ќе и гостува на Македонија Ѓорче Петров во првото коло во ПМФЛ по репрезентативната пауза.
Одбранбениот играч на клубот, Сава Радиќ вели дека главна цел на неговиот тим е одбрана на титулата.
„Очекувањата за новата сезона како бранител на титулата нормално се да ја одбраниме титулата. За нас новата сезона почна многу порано, поради обврски во Европа, па првенството не беше во прв план. За жал, испаднавме во плеј-оф фазата од Конференциската лига, со што не успеавме да се пласираме во групите. Веројатно ова беше и причината што малку заглавивме во првенството, но сега верувам дека можеме да се вратиме силни и да ги исполниме очекувањата на нашите навивачи. Сепак, има и други тимови кои сакаат да ја освојат титулата, но наше е да дадеме сe од себе и да одиграме што подобро во натпреварите што нe очекуваат во првенството“, изјави Сава Радиќ за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА