Радикални мерки на тренерот на Бордо: Му ја одзел лентата на капитенот и го испратил меѓу резервите

Поранешниот селектор на Швајцарија, а сега тренер на Бордо Владимир Петковиќ, не може да се пофали со премногу успеси на клупата на Бордо. Искусниот тренер ја превзеде екипата на почетокот на оваа сезона, но тимот се наоѓа на ниското 17-то место во Лига 1. Посебен проблем на Петковиќ е одбраната. Бордо прими 44 голови во 20 одиграни натпревари, и порача дека ќе превземе радикални мерки.

Сметката ја плати добропознатиот дефанзивец Лорен Кошчелни кој е капитен. Нему му е одземена лентата, а Петковиќ го испрати да тренира со резервниот тим.

Кошчелни со тоа се приклучи на Бајсе и Зеркане кои исто  така се исклучени од екипата поради недисциплина.

Француските медиуми јавуваат дека овие двајца наводно се исклучени поради големите плати, а Бордо се соочува со тешка финансиска криза.

Се вчитува...