Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ вчера го загуби животот откако му се слоши на натпревар, објавија медиумите од Србија.
Жижовиќ кој неодамна го превзема Раднички мораше со брза помош да биде префрлен во болница откако му се сложи за време на натпревар од шампионатот, а таму за жал, ја загуби најголемата битка.
Од српскиот клуб на емотивен начин се простија од тренерот за кој што велат дека бил и голем човек.
„Фудбалскиот клуб Раднички 1923 со длабока болка ја известува јавноста дека за време на натпреварот против Младост од Лучани, почина нашиот тренер Младен Жижовиќ. Човек кој со своето знаење, смиреност и благородност остави длабок белег каде и да работеше, замина прерано. Иако помина кратко време во Крагуевац, успеа да ја добие почитта на сите во клубот, меѓу играчите, соработниците и навивачите, со својата енергија, професионализам и човечки квалитети. ФК Раднички 1923 изразува најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Младен. Неговата посветеност на фудбалот, неговата страст кон играта и неговата човечка топлина ќе останат засекогаш врежани во сеќавањето на сите што имаа чест да го познаваат. Почивај во мир, Младен“, твој Раднички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

