Радост, еуфорија, солзи: Најсилниот во групата сопрен во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако во првите две гостувања во Скопје, силната селекција на Англија се протнуваше низ „иглени уши“, на третото гостување тоа не им успеа. Англичаните и покрај желбата, не успеаја да дојдат до планираните три бода во дуелот со Македонија.

Големиот фаворит беше сопрен од нашата селекција, а ова беше второ реми за Англија во групата после она против Украина.

Уште еднаш се покажа дека на Македонија и оди во дуелите со Англија, и покрај онаа катастрофа во Манчестер во овие квалификации.

Беше убаво да се види како големите стомилионски фудбалски ѕвезди како Грилиш и Рајс не победија против Македонија. Македонското срце беше поголемо од англиските милиони.

Се вчитува...