Радост во Тотенхем – Покетино уште пет години на чело на „спарси“

Тотенхем станува се посериозен фудбалски проект откако управата на „спарси“ се договори за продолжување на соработката со Маурицио Покетино. Аргентинскиот стратег беше поврзуван со ПСЖ и со Реал Мадрид, понуда најавуваше и Челси, но Тотенхем успеа да го „врзе“ Покетино со нов петгодишен договор за плата од 8,5 милиони фунти.

„За мене е чест и задоволство што потпишав долгорочен договор додека се приближуваме кон новиот период од клупската историја – преселбата во новиот стадион од светска класа. Тоа е само еден од факторите поради кои ја прифатив понудата, да продолжиме со овој проект и да оствариме уште поголеми успеси“ – изјави Покетино при потписот на новиот договор.

Аргентинецот ќе добие и околу 100 милиони фунти за ангажман на нови фудбалери, но приоритет ќе му биде да ги убеди трите најголеми ѕвезди на тимот, Кејн, Али и Ериксен, да останат дел од Тотенхем и да ги одбијат бројните понуди што пристигнуваат на нивна адреса.

Се вчитува...