Радовиш го совлада Прилеп и се врати во игра за опстанок во елитата

Ракометарите на Радовиш славеа над Прилеп со 27-24 во 10. коло од плеј-аутот во Суперлигата. По израмнетото прво полувреме во кое домаќините имаа минимална предност од 12-11, во последната четвртина од мечот успеаја да го урнат отопорот на гостите и да стигнат до победа.

Со овој триумф радовишани се вратија во игра за едно од местата кои и следната сезона обезбедуваат опстанок во елитното ракометно друштво во Македонија.

Ивица Илиев со 12 погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Казеин Рустамов заврши со шест гола.

Се вчитува...