Радовиш обезбеди опстанок, без проблеми на баражот со Шампион

Радовиш е последната екипа што обезбеди учество во елитното ракометно друштво за наредната сезона, откако тимот предводен од Андон Бошковски рутински го доби денешниот бараж дуел со Шампион со 37-20.

Бошковски на овој дуел не можеше да смета на Ивица Илиев, кој со години наназад е најдобар стрелец на радовишани, но тоа не ја наруши атмосферата во пресрет на клучниот дуел со Шампион, на кој суперлигашот јасно стави до знаење кој е кој, поведувајќи со 6-1 уште во раната фаза од баражот. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што Радовиш го доби со 16-6, предност што овој тим дополнително ја зголеми до самиот крај.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Лојаничиќ со девет погодоци и Ристов со седум гола, додека во редовите на Шампион  при денешниот пораз се истакна Кочаров со пет погодоци.

Претходно, преку плејаут лигата опстанок во елитното друштво обезбедија екипите на Тиквеш и на Прилеп.

Се вчитува...