Радовиш потпиша со Лазаревски

Екипата на Радовиш успешно ги финишираше преговорите со Ивица Лазаревски, потпишувајќи едногодоишен договор со овој ракометар. Станува збор за поранешен играч на Пелистер кој лани настапуваше за Борец Велес.

Десниот бек ќе се појави од самиот старт на подготовките на радовишани и сигурно ќе биде од голема помош во обидот овој тим да се избори за што подобар пласман во новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...