Радуловиќ е наследникот на Кочов на клупата на Вардар

Раководството на Вардар експресно реагираше по заминувањето на Ѓорѓи Кочов, именувајќи го Дарко Радуловиќ за тренер на првата екипа до крајот на оваа сезона.

Радуловиќ е добро запознаен со квалитетите на екипата, со оглед на фактот дека тој му беше прв асистент на Кочов од самиот старт на сезоната. Поранешниот плејмејкер на повеќе македонски прволигаши ланската сезона имаше успеси и како прв тренер на У20 екипата на „црвено-црните“, а сега ќе добие шанса и како предводник на првата екипа. Вардар е меѓу главните кандидати за влез во елитното друштво откако по првите осум кола забележа седум победи и еден пораз.

За потсетување, досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов денеска си замина од таборот на Вардар, прифаќајќи ја улогата на асистент во стручниот штаб на шампионот МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...