Радуловиќ: И покрај проблемите мислам дека сме на добар пат

МЗТ Скопје успеа да поведе во финалната серија против Еуро Никел со 1-0 откако на домашен терен „штрковите“ славеа со 83-81. Аеродромци лошо го започнаа мечот и имаа негатива од 14 поени по самиот старт, но навремено ги консолидираа своите редови, заиграа на претпозантливото ниво и ја одбранија предноста од домашен терен.

По натпреварот тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Раудловиќ не го криеше задоволството од прикажаното на неговиот тим, вели дека и покрај проблемите е на добар пат, а и се осврна кон замата завршница во мечот кога од негатива од десет поени, гостите успеаја да го сведат натпреварот на заостаток од само еден поен.

„Успан почеток, но после „ресетирањето“ внесовме енергија, добро трчавме, ја зголемивме агресивноста во одбраната и мислам дека сосема заслужено победивме и покрај тоа што Еуро Никел имаше многу висока реализација за три поени, негде околку 50 отсто. Ние во наша сала имавме доста полош процент, но и покрај тие параметри успеавме да победиме, можеби не лесно, но контролирано“, изјави за ЕКИПА тренерот на МЗТ СКопје па се осврна на самата завршница на мечот…

„Еуро Никел е една искусна екипа можат да погодат шутеви од далеку, а ние во нападот промашивме еден куп обиди. Тоа е спортот, не треба многу дискутирање. Јасно е дека треба да ја поправиме „пик енд рол“ играта, но мислам дека сме на добар пат“.

Вториот финален натпревар кој ќе биде одигран во Гевгелија е во програмата веќе утре, а Еуро Никел ќе се обиде да ја изедначи серијата.

Се вчитува...