Радуловиќ: Мораме да ги намалиме загубените топки, вакво нешто не смее да ни се повтори…

Дарко Радуловиќ и МЗТ Скопје денеска ја прославија втората победа во АБА2 лигата, откако македонскиот првак славеше на дуелот со Пелистер.

Цврстата одбрана беше заштитен знак на „металците“ на овој натпревар, но тренерот Радуловиќ ги предупреди своите кошаркари дека во иднина очекува далеку поголема одговорност во нападот, каде МЗТ денеска имаше дури 25 загубени топки.

„Ова беше добар натпревар, знаевме дека ќе биде тешка и физички исцрпувачки. За наша среќа Пелистер денеска немаше свој шутерски ден. Ние имавме проблем со загубените топки, дури 25, нешто што не смее да ни се повтори во иднина. Од друга страна, покажавме цврстина во одбраната и карактер во играта, нешто што може само да ме радува“, изјави Радуловиќ.

Се вчитува...