Радуловиќ: МЗТ Скопје денеска покажа карактер, но тоа не беше доволно

МЗТ Скопје со пирова победа ќе се врати од „балонот“ на АБА2 лигата во Подгорица откако четвртфиналниот двомеч против екипата на Младост Земун заврши со вкупен резултат од 181-167 за српскиот состав. Аеродромци денеска го поправија изгледот од првиот меч, одиграа далеку подобро во одбраната и нападот, успеаја да ја добијат скок играта (35-28), но немаа сили за славје со повеќе од 20 поени.

По натпреварот тренерот на составот од Аеродром кривицата за денешниот пораз ја најде во лошото отварање на мечот. Во првите десет минути „сино-белите“ имаа негатива од 31-20, која беше преголема за целосно враќање и пласман во полуфиналето.

„Лошо го започнавме овој натпревар и мислам дека тука ни завршија надежите и шансите за евентуален камбек на овој меч. Многу поени примивме во првата четвртина, во втората се вративме со добра одбрана, меѓутоа немавме направено веќе некоја мала предност со која можевме да се надеваме. Денеска покажавме карактер за да се вратиме и да покажеме дека тоа пред два дена не беше правото лице на МЗТ Скопје, но тоа не беше доволно“, изјави по натпреварот Дарко Радуловиќ.

Се вчитува...