Радуловиќ: Недозволиво – 42 загубени топки на две средби

Дарко Радуловиќ може да здивне откако МЗТ Скопје се спаси од „минус три“ на дваесетина секунди до крајот на дуелот со Подгорица.

За разлика од мечот со Сутјеска од пред два дена, овојпат „металците“ се вратија од загубена ситуација по два промашени пенали на противникот, но Радуловиќ е свесен дека една работа мора што поскоро да ја поправи во својот тим – намалување на бројот на загубени топки (21 вечерва).

„Два инфаркти имаме во Бања Лука, овој денешниот среќен за нас. Реално, пред два дена повеќе заслуживме да победиме од денес, но најважно е што славевме. Имаме проблем со загубени топки, на два меча загубивме 42 топки, тоа е НЕДОЗВОЛИВО за шампионски тим. Не го затворивме скокот најдобро, говоревме за Сејфиќ, трениравме, но не го запревме како што сакавме. Добро е што победивме бидејќи среќата се сврти, се поклопија многу работи за да славиме откако несреќно загубивме од Сутјеска“, изјави Радуловиќ.

Се вчитува...