Радуловиќ: Рогашка ни одржа час по кошарка, доколку не се промени пристапот ќе решавме на друг начин

МЗТ Скопје со половичен учинок од една победа и еден пораз се враќа од првиот АБА2 турнир. Аеродромци кои прикажаа добра игра против фаворизираниот Младост денеска не беа ни блиску до нивото од тој меч и доживеаа час по кошарка од Рогашка која славеше со 80-64.

Аеродромци подобро го започнаа мечот, но парираа на противникот само пет минути по што следеше стагнација во играта во нападот и одбраната која умешно ја искористија Словенците за веќе до полувремето за забележат двоцифрено водство кое не го испуштија до самиот крај.

По натпреварот тренерот на „сино-белите“, Дарко Радуловиќ не го криеше незадоволството од прикажаното на паркетот и најави промени во својот табор доколку не се промени пристапот.

„На овој меч се беше проблем, немавме решение за транзицијата, немавме скок. Ги предупредив кошаркарите пред мечот дека не треба да го потценат противникот. Се случи спротивното, бевме растеретени, додека Рогашка ни одржа лекција по кошарка, како се игра, како се бори. Она што ние го покажавме против Младост, денеска бевме на „минус“ 100 отсто. Пристапот мора да се пормени, инаку истиот ќе го решавме на друг начин“, изјави Дарко Радуловиќ.

Се вчитува...