Радуловиќ: Сакавме да го избегнеме Студентски Центар, затоа бевме максимално сериозни

Дарко Радуловиќ ја забележа и втората победа во низа како тренер на МЗТ Скопје во АБА2 лигата, предводејќи ги „металците“ до убедлив триумф на дуелот против домаќинот Златибор.

По мечот тој го пофали пристапот на својот тим, кој бил максимално сериозен во желба да се обезбеди што подобар пласман во пресрет на нокаут фазата од АБА2.

Имавме осигурано пласман во следната рунда, но останавме максимално сериозни во пристапот бидејќи не сакавме да се случи на самиот почеток да се сретнеме со Студентски Центар, тимот што има најдобар скор во досегашниот дел од сезоната. Останавме фокусирани и одигравме на високо ниво, што ни ја донесе победата. Имавме проблеми со во првата четвртина, потоа ја презедовме контролата и заслужено триумфиравме. Одбраната беше на посакуваното ниво, исто така имавме и солиден шутерски ден“, изјави Радуловиќ.

Се вчитува...