Радуловиќ: Се разбудивме во второто полувреме, во првиот дел не си ја препознавав екипата

Дарко Радуловиќ може да биде горд на себе и на своите избраници откако МЗТ Скопје одигра маестрално второ полувреме и го совлада Хелиос на стартот од турнирот во Сараево во рамките од АБА2-лигата.

Слабостите од првиот дел  беа целосно санирани, почна да функционира и шутот од далечина, што им го трасираше на кошаркарите на македонскиот првак четвртиот триумф во регионалното натпреварување.

„Мислам дека се разбудивме дури во второто полувреме. Во првиот дел игравме без енергија, немавме скок, немавме реакција, јас не си го препознавав тимот.На паузата се договоривме да се фокусираме, на терен истрча сосема поинаква екипа, бевме подобри во одбраната и мислам дека заслужено победивме. Знаев дека Хелиос игра школска, квалитетна кошарка, знаев дека ќе биде тешко, затоа е важно што се вративме, што го наметнавме сопствениот стил на игра и стигнавме до триумф“, изјави тренерот на МЗТ Скопје

Следен предизвик за „металците“ во Сараево е дуелот со домаќинот Спарс што на програмата е в четврток.

Се вчитува...