Радуловиќ: Заслужена двојна круна, ова за нас е преуспешна сезона

МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во македонската кошарка, освојувајќи ја осмата титула во девет сезони во прволигашката конкурецинја. Оваа сезона е посебна за „сино-белите“ кои и покрај сите проблеми предизвикани од коронавирусот успеаја повторно да ја соединат двојната круна во Аеродром.

Еден од најзаслужните се превртот во сезоната на „штковите“ беше Дарко Радуловиќ кој со превземањето на тимот внесе свежина во составот, тимот доби поголема ширина и агресивност во нападот, како и агресивност во одбраната, нешто што беше пресудно во самата финална серија против Еуро Никел.

„Заслужено славевме во ова финале. На трите натпревари притисокот падна на нас како шампионски тим, но го прифативме истиот и докажавме дека можеме да играме под притисок. Постојано бевме во фокусот како тим со поширока клупа, меѓутоа и ние на располагање имавме ист број на играчи како и другите тимови. Професионализмот и посветеноста ни беше на највисоко ниво. Ова е преуспешна сезона за нас. Направивме некои промени во играта, фориравме поагресивна одбрана и тоа не красеше со тоа што ставивме најголем акцент во играта во транзиција. Создадовме ширина, во шутеви од надвор и покрај тоа што имавме квалитет и под кош“, изјави за ЕКИПА, Дарко Радуловиќ.

Дарко Радуловиќ со оваа титула влезе во елитното друштво во македонската кошарка покрај Ѓорѓи Кочов, Јорданчо Давитков, Емил Рајковиќ и Алексндар Јончевски како петти тренер кој успеал да ја освои титулата и како играч и како предводник на еден клуб.

Се вчитува...