Радувај се Македонијо! Фати Вејсели е во финалето на игрите во Таранто

Македонскиот борец во слободен стил Фати Вејсели се пласираше во финалето во категоријата до 74 килограми на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Во исцпувачка борба во полуфиналето Вејсели славеше над Турчинот, Јасин Јесил со 5-3. Во текот на борбата имаше и еден валкан момент од страна на Турчинот кој го брцна во окото нашиот борец, по што мораше Вејсели да добие лекарска помош.

Во финалето Вејсели го чека Албанецот Ислам Дудаев. Финалето е закажано за утре во 18.40 часот.

 

Се вчитува...