Радванска му кажа збогум на тенисот

Полската тенисерка Агнешка Радванска одлучи да стави крај на кариерата. Поранешната финалистка на Вимблдон и второрангирана најдобра тенисерка во светот, истакна дека нејзиното тело веќе не може да го издржи товарот што го носи професионалниот тенис.

„Драги пријатели, сакам да ја споделам со вас една од најважните одлуки во мојот живот. Одлучив да ставам крај на тениската кариера, пред се затоа што моето тело не може веќе да се носи со предизвиците на професионалниот тенис, постојаните патувања и настапи на турнирите ширум светот. Благодарност до моите родители, сестра и до најдобриот тим кој се грижеше за мене, Дејвид, Том, Криштоф и Џејсон, како и на спонзорите и партнерите во текот на тениската кариера. Секогаш ќе бидам благодарна за поддршката и грижата што ми ја дававте. Посебна благодарност и до фановите кои ме бодреа во текот на кариерата“, изјави Радванска.

Полската тенисерка во текот на кариерата успеа да освои 20 ВТА титули, беше финалистка на Вимблдон, полуфиналистка на Австралија Опен, како и четвртфиналистка на Ролан Гарос.

 

Се вчитува...