Рафа Бенитез го менува Билиќ на клупата на Вест Хем!?

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез би можел наредниве денови да седне на клупата на Вест Хем. Како што пренесуваат англиските медиуми, веќе се подготвува отказ за Славен Билиќ а на негово место се најавува доаѓање на Бенитез.

Хрватскиот стратег има очаен старт на сезона. Процесот на неговата смена е забрзан по вчерашниот пораз на Вест Хем од Њукасл од 3-0.

Од друга страна, пак, на Бенитез не му оди исто така согласно посакувањата во Њукасл. Вчерашната победа му беше прва сезонава, по претходните два порази. Доколку Вест Хем сака да го види Бенитез наскоро на клупата ќе мора да плати и отштета од пет милиони фунти на Њукасл.

Се вчитува...