„Рафа и Новак никогаш нема да бидат Роџер Федерер“

Еден од најдобрите хрватски тенисери на сите времиња, Иван Љубичиќ говореше околу големата тројка во „белиот спорт“ Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Љубичиќ работеше со одличниот Швајцарец кој се повлече од тенисот во септември минатата година, а во кариерата освои 20 гранд-слем титули, односно вкупно 103 турнири на АТП турнејата.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал освоија повеќе големи титули од Швајцарецот, но за Љубичиќ прашањето за најдобриот на сите времиња не е директно поврзано со бројот на трофеи.

„Мислам дека не можете да гледате исклучиво низ гранд-слемовите. Роџер веќе не е најуспешен во овој поглед. Сепак, големината и успехот не се идентични поими. Ако се, тогаш дефинитивно нема да биде Роџер. Ако го погледнеме влијанието врз спортот, мислам дека ниту Надал ниту Ѓоковиќ не можат да се споредат со Федерер во таа смисла. Роџер е неоспорен“, изјави Љубичиќ.

Се вчитува...