„Рафа има многу трофеи, но Новак е број 1“

Шпанскиот тенисер Пабло Карено Буста сака да верува дека Рафаел Надал е прв фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, но не е сигурен во тоа. Шпанецот во четвртфиналето беше поразен од Новак Ѓоковиќ во четири сета.

„Не знам кој е фаворит. Веројатно Рафа. Тој го освојуваше турнирот многу пати, но знаете Новак е број 1. Шварцман го победи Рафа пред две недели во Рим, така да тоа ќе биде тежок меч за него“, изјави Карено Буста. 

Машките полуфинални двојки на програмата се утре, а во нив се среќаваат Ѓоковиќ-Циципас и Надал-Шварцман.

Се вчитува...