„Рафа ќе го освои Ролан Гарос, а потоа…“

Шпанскиот тениски тренер и вујко на Рафаел Надал, Тони верува дека неговиот внук ќе го освои Ролан Гарос оваа година и покрај големите проблеми со повредите.

Новак Ѓоковиќ со триумфот на Австралија опен се израмни со Рафа на врвот на вечната листа со дваесет и две гранд-слем титули.

Вистина е дека Рафаел има многу исцрпено тело, но точно е и дека игра професионални натпревари од својата 16-та година и за тоа треба да платите. Топката и спортистот се движат со голем интензитет. Во такви услови, телото може да не издржи денеска или утре. Но, верувам дека оваа година ќе може да го подигне трофејот на Ролан Гарос, а потоа ќе видиме“, изјави Тони Надал. 

Рафаел Надал освои рекордни 14 титули во Париз, а испадна во втората рунда во Мелбурн.

Се вчитува...