„Рафа ќе има многу проблеми на Ролан Гарос“

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер ги коментираше шансите на Рафаел Надал за освојување на Ролан Гарос. Новите услови на францускиот грен-слем и нивното влијание врз Рафа се главна тениска тема последните неколку дена. Топчињата ќе бидат различни, првпат се игра во септември, а не во мај па се очекува да има услови кои нема да му одговараат на Шпанецот.

„Годинава ќе му биде посебно тешко на Надал. Тој и понатаму е прв фаворит, но мислам дека разликата меѓу него и останатите е помала него обично. Покрај тоа тој во Париз доаѓа со тотално различна подготовка него било која претходна година. Тој воглавно играше три четири турнири и освојуваше отприлика толку турнири, сега тоа не е така. Настапи само во Рим каде испадна од Шварцман“, изјави Бекер. 

Последниот грен-слем турнир за сезонава стартува во недела на 27. март.

Се вчитува...