„Рафа нема мирно да гледа како Новак го освојува УС опен“

Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони уверен е дека неговиот внук нема така лесно да му дозволи на Новак Ѓоковиќ да слави и на УС опен. Србинот годинава досега ги освои сите три гранд-слема и доколку успее да стигне до трофејот во Њујорк, ќе успее да направи нешто што претходно не им успеално ниту на Надал, ниту на Федерер.

„За месец и половина почнува УС опен и тука Ѓоковиќ ќе има шанса да го направи чекорот со кој ќе биде пред сите други. Вистина е дека и Рафа ќе се бори за тоа и ако постои нешто што никогаш не сум го изгубил тоа е вербата во него“, порача Тони Надал. 

УС опен почнува на 30. август, а финалето кај мажите е закажано за 12. септември.

Се вчитува...