Рафаел Надал е во четвртфиналето на УС Опен

Првиот светски рекет и носител број еден на УС Опен, Рафаел Надал, се пласираше во четвтфиналето на последниот годинашен гренслем откако забележа осминафинална победа од 3-1 (6-3,6-3,6-7,6-4) во сетови над Грузиецот, Николоз Башилашвили.

Во првиот и во вториот сет, Надал лесно се справуваше со нерангираниот Грузиец и му препушти само по три гема. Но, во третиот сет Башилашвили покажа малку повеќе квалитет и успеа да ја намали предноста на Шпанецот добивајќи го тај-брејкот со 8-6.

Во четвртиот сет, Надал беше подобар и славеше со 6-4 во гемови.

Во четвртфиналето, Надал кој е во обид да дојде до четвртиот трофеј од УС Опен, ќе се сретне со Доминик Тим кој во осминафиналето го победи Кевин Андерсон во три сета.

 

Се вчитува...