Шест дена пред почетокот на Ролан Гарос, првиот на кој може да биде присутен само како гледач, Рафаел Надал отвори специјално крило на музејот во неговата академија во родниот Манакор посветено на големите успеси на парискиот гранд-слем.
„Како што знаете, Ролан Гарос е најпосебниот турнир во мојата кариера. Им благодарам на сите што го создадоа ова посебно место во музејот на Академијата Рафаел Надал со сите спомени. Се гледаме во Париз во недела”, напиша легендарниот Шпанец на социјалните мрежи.
Според шпанските медиуми, музејот има фотографии од сите 14 победи на Ролан Гарос, рекети, патики кои ги користел на секој од 112-те натпревари на париската земјена подлога, како и сите реплики на трофејот. Има и реплика на статуата што турнирот во Париз му ја посвети на својот најголем шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА