Рафаел Надал прв обезбеди учество на завршниот Мастерс

Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал, официјално е првиот тенисер што обезбеди учество на годинашниот финален Мастерс во Лондон. Шпанецот го оствари тоа со победата протв Марин Чилиќ во  четвртфиналето на турнирот во Торонто.

Надал сега има 5760 бода од почетокот на оваа календарска година кои заедно со активата од канадскиот турнир што е во тек се доволни за да игра на Мастерсот во Лондон во ноември. Зад него моментно се Александар Зверев (4085) и Роџер Федерер (4020).

На завршниот Мастерс турнир се пласираат најдобрите осум тенисер на АТП листата на крајот од годината.

За Надал ова ќе биде 14.последователно учество на ова натпреварување, кое никогаш досега го нема освоено. Шпанскиот тенисер има дев загубени финалиња на завршниот Мастерс во 2010 и во 2013 година.

Се вчитува...