Рафаел Надал: Рекордите не ми се опсесија во животот како што е тоа случај со Ѓоковиќ

Рафаел Надал изненади многумина во тениската јавност со најновото интервју дадено за шпанските медиуми, во кое тенискиот великан отворено го критикуваше Новак Ѓоковиќ поради претерана опсесивност со победување и освојување на трофеи.

Ѓоковиќ неодамна изјави дека Надал добро се однесувал со него само додека редовно го победувал, па Шпанецот реши самиот да го „пецне“ Новак.

„Да бидам искрен, не чувствувам ништо кога Новак ќе победи. Секако, би сакал да сум играч со најмногу гранслем трофеи во тенисот, но за разлика од Ѓоковиќ, тоа не ми е опсесија. Се фрустрирам кога некој е подобар од мене, но истовремено и верувам дека јас сум направил се што сум можел за да бидам најдобар.Рекордите не ми се опсесија во животот како Ѓоковиќ, верувам дека тој би бил многу поисфрустриран ако не стигнеше до рекордот. Најверојатно затоа и успеа. Тој  го поседува оној капацитет, амбициозноста ја крена на највисоко ниво. И јас бев амбициозен, но тоа беше здрава амбиција која ми дозволи да ги гледам работите од друга перспектива, да не бидам бесен кога работите не одат добро за мене“, изјави Надал.

Се вчитува...