Рафали во Аеродром: Дванаесет тројки за една четвртина на МЗТ – Куманово

Стартот на кошаркарската Супер-лига донесе извонредна прва четвртина на премиерниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Куманово, со рекордни 12 тројки постигнати во една четвртина.

Кошаркарите на двата тима беа максимално расположени за игра, па така „металците“ погодија пет тројки од исто толку обиди (Стојановски и Пенов по две, Нешовиќ една), додека на спротивната страна кумановци беа прецизни дури седум пати за десет минути (Мекиќ и Ковач по две, Ѓекиќ, Караколев и Јанески по една тројка).

МЗТ Скопје по првите десет минути има водство од 29-27, но Куманово со одлично шутерско шоу не се откажуваат лесно на дуелот со шампионот.

Се вчитува...