На крајот од месецов во Лондон ќе се одржи свечената церемонија на доделување на „Златната топка“, а меѓу главните кандидати не се наоѓа играчот кој минатата сезона триумфира во Ла Лига, а оваа сезона играа неверојатно и е прв стрелец во шпанскиот шампионат.
Меѓу 30-те конкуренти за „Златната топка“ не е името на Бразилецот Рафиња, иако сите се свесни дека тој мораше да биде меѓу конкурентите, а така размислуваат и во таборот на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, му даде поддршка на Бразилецот.
„Ми се допаѓа Рафиња, за мене тој е клучниот играч на Барселона. Кога не играше, Барселона се мачеше, а со него во тимот играат добро. Затоа мислам дека Рафиња не го добива признанието кое го заслужува. Постигнува многу голови бидејќи е одличен фудбалер“, изјави Куртоа.
Првото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, популарното „Ел Класико“ ќе се игра месецов, на 25 октомври и тоа на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
