Рафиња повторно доби шанса во стартниот тим на Барселона на дуелот со Севилја, но бразилскиот интернационалец при еден продор во противничкиот шеснаесетник остана да лежи на теренот и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.
Станува збор за проблемот со мускулот, а деталните лекарски прегледи ќе покажат колку е сериозен проблемот и колку натпревари Рафиња ќе мора да пропушти вонаредниот период.
Она што е сигурно, тој нема да биде во комбинација за наредните две средби на каталонците, против Порто во ЛШ и против Гранада во Ла Лига, по што ќе следи репрезентативната пауза предвидена за октомври. Клучно прашање за Барса сепак е дали Рафиња ќе се опорави навреме за да може да настапи на големото дерби со Реал Мадрид закажано за 28 октомври. Каталонците се надеваат дека тоа ќе биде случај, но екс-фудбалерот на Лидс е склон на повреди, па Чави со право стравува дека лесно може да се случи првото овосезонско Ел Класико да го мине без Рафиња во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА