Бразилскиот репрезентативец Рафиња, игра во животна форма од почетокот на сезоната и успеа да собори рекорд на Барселона стар дури 78 години.
Рафиња моментно е на врвот на листата на стрелци во Ла Лига со 12 голови, а уште два гола даде во Лигата на шампионите на осум натпревари.
Со ова постигнување, Рафиња го собори рекордот од сезоната 1948-49 кога Сезар Родригез на првите осум натпревари за Барселона даде 13 голови.
Ваков почеток на сезоната немале ниту Лионел Меси, Роналдо, Христо Стоичков, Ромарио…
Интересно е како тренерот Ханси Флик одлучи да го направи Рафиња напаѓач иако тоа не му е природна позиција.
„Ниту како дете не сум играч напаѓач“, вели Рафиња.
Бразилецот не е класичен напаѓач туку постојано ги менува позициите, ги извлекува противнички дефанзивци надвор од шеснаесетникот и ја користи својата брзина како и техника за да креира и реализира шанси.
Изминатото лето, Барселона остана без тројцата напаѓачи, Роберт Левандовски, Феран Торес и Маркус Рашфорд, а откако не успеа да го донесе Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, тренерот Ханси Флик на подготовките одлучи да се обиде со Рафиња како напаѓач.
„На подготовките тестиравме некои работи околу играта во нападот и на тренерот му се допадна тоа што го виде и по натпреварот против Базел ми предложи да играм како напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
