Рафиња се сели во Интер, Барса ја прифати понудата

Интер доведе големо засилување за својот среден ред откако успеа да ги финишира преговорите со Барселона за ангажманот на Рафиња. Бразилскиот играч за врска се наоѓаше на врвот на листата со желби на тренерот Спалети, но проблем беше фактот дека Интер немаше можност да купува нови играчи за да не го наруши правилото за финансиски ферплеј.

На крајот сепак беше пронајден заеднички јазик, откако Барселона по долго убедување прифати Рафиња да замине од „Камп ноу“ на позајмица. Каталонците ќе добијат два милиони евра од ваквиот развој на настаните, со клаузула дека Интер на крајот од сезонава ќе треба да плати 35 милиони доколку сака да го задржи на „Џузепе Меаца“.

Рафиња се рехабилитираше од тешка повреда на коленото, но не успеа да се наметне кај тренерот Валверде во силната конкуренција за место во тимот на Барселона.

Се вчитува...