Рафиња: Триумфот над Интер ни дава самодоверба за „Ел Класико“

Барселона го совлада Интер со 2-0 на „Камп Ноу“ и во победнички ритам ќе го пречека мегадербито против Реал Мадрид претстојниов викенд. Рафиња Алкантара беше стрелец на првиот погодок за каталонскиот тим, а во финишот победата ја завери Жорди Алба.

„Среќен сум поради погодокот, но пред се поради триумфот, кој ни дава уште поголема самодоверба пред големото дерби со Реал Мадрид. Покажавме дека имаме квалитет за најголеми дострели иако го немавме Лео Меси во тимот. Мислам дека сме подготвени и за големата пресметка“, изјави Рафиња Алкантара.

По три кола во групата Б од Лигата на шампионите, тимот на Барселона се наоѓа на првата позиција со максимални девет бода.

 

Се вчитува...