Рахим Стерлинг од јануари на позајмица во Барселона!?

Рахим Стерлинг од јануари би можел да ги засили редовите на Барселона. Каталонски Спорт тврди дека раководството на клубот сака на позајмица да го донесе фудбалерот на Манчестер сити и дека веќе интензивно се работи на тој договор.

Стерлинг кај Пеп Гвардиола го загуби местото на стартер сезонава, па сега никој во клубот нема ништо против да ја напушти екипата. Барселона се обиде да го ангажира и во летниот преоден рок, но до договор не дојде.

Стерлинг во Барселона во јануари би пристигнал барем до крајот на сезоната. Тој е член на Сити од 2015 година каде пристигна од Ливерпул и во 297 одиграни натпревари постигна 115 гола.

Се вчитува...