Раиконен е „многу среќен“ што го напушта Ферари

Победата на Кими Раиконен на трката за ГН на САД докажа дека 39-годишниот Финец се уште не го кажал последниот збор во Формула 1 и дека за него се уште има место во најелитното натпреварување. Тоа го истакна и Раиконен после трката во Остин со која ја прекина најдолгата пауза меѓу две победи од 113 трки. Освен тоа тој го достигна рекордот на Најџел Менсел како највозрасен поебдник на трка во Ф1.

Очигледно имавме две тешки трки и јас и докажав на луѓето одредени работи. Можеби сум постар, но се уште не сум толку лош. Можеби е добро да бидам овде уште неклолку години“ – изјави Кими Раиконен.

Финецот често беше цел на критики по негивото враќање во Ферари во 2014 година кога често беше во улога на „втора виолина“ во тимот, прво на Фернандо Алонсо, а потоа и на Себастијан Фетел. Од следната сезона, Раиконен повторно ќе вози за тимот на Заубер со кој ја почна кариерата во Ф1 и вели дека е многу среќен поради тоа.

Моето време со Ферари помина. Освоивме многу натпревари, а јас како возач имам потреба од нови предизвици, сакам други нешта и всушност, сум многу среќен што си одам од таму“ – вели Раиконен.

Тој додава и дека воопшто не бил разочаран од решението да го напушти Ферари.

“Доволно долго сум во Формула 1 за да знам некои работи. Не е важно дали имаш договор или не, работите се случуваат од различни причини, но крајниот резултат е дека јас сум многу возбуден за тоа“ – откри Кими Раиконен.

Се вчитува...