Раиконен е позитивен на корона – Кубица се враќа на патеката

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен доби позитивен резултат на тестот за корона вирус, поради што нема да учествува на трката за ГН на Холандија.

Финскиот возач беше тестиран во Зандворт, и бидејќи резултатите покажаа дека е заразен со корона, мораше да биде изолиран.

„Последната рунда тестирања пред ГН на Холандија покажаа дека Раиконен е заразен со корона вирусот. Кими не чувствува никакви симптоми и тоа е добро“, изјави тимот.

Наместо тоа, Роберт Кубица ќе биде во автомобилот Алфа Ромео. Полјакот последен пат ја возеше трката во Абу Даби во 2019 година. Во недела тој ќе го означи 98. старт во кариерата, и прв како возач на Алфа Ромео.

Се вчитува...