Раиконен прегази механичар на Ферари во Бахраин (видео)

Втората трка сезонава во Формула 1 шампионатот, што се вози во Бахраин, ја одбележа сериозниот инцидент во кој учествуваше Кими Раиконен.

При средина од трката Финецот влезе во пит-стоп, но не забележа дека левата задна гума не му е наместена, тргна предвреме и притоа прегази еден од механичарите на Ферари.

Раиконен потоа не можеше да ја продолжи трката и го остави болидот пред гаражата, додека механичарот мораше на носилки да биде пренесен во блиската амбуланта.

Погледнете што точно се случуваше…

Се вчитува...