Рајан-ер го истрола Ѓоковиќ: Ние не сме авио-компанија, само летаме авиони

Ирскиот аеротранспорт „Рајан-ер“ реши да му фати сеир на првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ по интервјуто дадено за британскиот „Би-би-си“.

Србинот во интервјуто изјави дека не е антиваксер, но дека се заложува за слободен избор. Оваа изјава предизвика нова бура, низ целиот свет, а дефинитивно победници се од „Рајан ер“.

Тие го споделија линкот со изјавата на Ѓоковиќ, над кој напишаа ние не сме авиокомпанија, но имаме авиони за летање.

 

Се вчитува...