Рајан Гигс е минато, Герет Бери е новиот рекордер во Премиер-лигата

Герет Бери се појави од првата минута на вечерашниот дуел меѓу Арсенал и ВБА, со што ветеранот испиша историја станувајќи играч со најмногу настапи во историјата на Премиер-лигата (633). Со тоа, Бери го остави зад себе досегашниот рекордер Рајан Гигс, кој во својата кариера одигра 632 средби во Премиер-лигата во дресот на Манчестер јунајтед.

Герет Бери (36 години) низ кариерата настапуваше за Астон вила, Манчестер сити и Еввертон, за минатото лето да потпише за ВБА. Тој дебитираше во Премиер-лигата на 17-годишна возраст уште на 2 мај 1998 година, а сега ја игра својата 21. сезона во елитното англиско фудбалско друштво. На овие 633 натпревари Бери има постигнати 52 погодоци, а зад неговото име остануваат запишани и 63 асистенции.

Зад него и Гигс, на листата на играчи со најмногу настапи во Премиер-лигата се наоѓаат Френк Лампард (609), Дејвид Џејмс (572), Гери Спид (535), Емил Хески (516), Марк Шварцер (514), Џејми Карагер (508), Фил Невил (505), Стивен Џерард и Рио Фердинанд (по 504)…

Се вчитува...