Рајан Гигс – кандидат за тренер на Саутемптон

Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, се наоѓа на потесниот список на кандидати за нов менаџер на Саутемптон. Велшанецот доколку биде избран, конечно ќе добие вистинска шанса да го покаже својот тренерски квалитет во Премиер – лигата, со оглед дека веќе извесно време чека ваква можност.

Клубот му врачи отказ на Клод Пуел по само една сезона, иако Французинот имаше позитивни резултати, го предводеше тимот до самата завршница во Капитал купот на Англија, каде во финалето беа поразени од манчестер јунајтед со резултат од 3-2.

Гигс е воодушевен од идејата да стане менаџер на „светците“. Му се допаѓа силната инфраструктура на клубот, која во последните неколку години одлично работи, па така Саутемптон повторно создаде сериозна репутација во Премиер лигата. 43-годишниот Гигс имаше можност да го води Манчестер јунајтед пред крајот на сезоната 2013/14, по предвремениот отказ на Дејвид Мојес. Во двегодишниот престој на Луј ван Гал, тој беше негов прв асистент, а холандскиот стручњак го назначи екс-репрезентативецот на Велс за негов наследник на клупата на „ѓаволите“, но, сепак, откако раководството го доведе Мурињо, Рајан Гигс си поднесе оставка.

Покрај Гигс, кандидати за негов наследник се уште и Франк де Бур и Маурицио Пелегрино.

Се вчитува...