Рајковиќ и ЦСКА Москва го добија дербито со Зенит

Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва стигнаа до три од три на стартот на сезоната во руската ВТБ лига откако денеска во дербито на колото славеа на гостувањето кај Зенит Санкт Петерсбург со 76-80.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од пет поени (19-24). До крајот на првиот дел „армејците“ само ја зголемија предноста и на пауза заминаа со предност од 34-43.

Во вториот дел избраниците на Рајковиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 76-80.

Се вчитува...