Рајковиќ и ЦСКА Москва го вратија брејкот против Зенит

Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва поведоа со 2-1 во серијата за 3. место во ВТБ лигата откако денеска во третиот меч славеа над Зенит Санкт Петерсбург на гостински терен со 60-71.

По израмнетата прва четвртина во која гостите беа за нијанса подобри (17-20), домашниот тим одигра феноменално во втроиот период и на пауза заминаа со плус девет (40-31).

Сепак, избраниците на Рајковиќ одиграа неверојатно второ полувреме посебно во фазата на одбрана и до крајот на мечот на феноменален начин успеа да стигне до голем триумф од 60-71.

Никола Милутинов со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Фрејзер постигна 14.

Се вчитува...