Рајковиќ и ЦСКА Москва им се вратија на победите во ВТБ лигата – совладан Локомотив Кубањ

ЦСКА Москва која е предводена од македонскиот стратег Емил Рајковиќ им се врати на победите во ВТБ лигата откако во победничката фаза славеше на домашен терен против Локомотив Кубањ со убедливи 86-73.

По изедначната прва четвртина (16-15), гостите беа оние кои ја превземаа резултатска иницијатива и со блескава игра во нападот на полувремето поведоа со 35-43. Сепак по полувремето московскиот тим одговори на вистински начин, постигна 32, а дозволи 16 поени во третата четвртина па ја превзема предноста и не ја испушти до самиот крај.

Со 22 поени, 7 скокови и 5 асистенции ЦСКА Москва ја предводеше Тримбл, додека него го следеше Ханлан со 16 поени. 17 поени за Локомотив постигна Акон-Пурсел.

Со оваа победа ЦСКА Москва одново се изедначи на првата позиција на табелата со Уникс Казањ со по 25 победи во вкупно 34 натпревари.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...