Рајковиќ ќе биде тренер на „Ол-стар“ викендот во руската ВТБ лига

Најдобриот македонски кошаркарски тренер, Емил Рајковиќ доби големо признание за одличната работа и втора сезона по ред што ја врши во рускиот великан ЦСКА Москва.

Емил Рајковиќ заедно со неговиот колега Велимир Перасовиќ од тимот на Уникс Казањ во кој игра Ненад Димитријевиќ се избрани да ги водат тимовите на „Ол стар“ викендот во ВТБ лигата.

Ова стана познато откако Локомотив Кубан извојува сигурна победа над Зенит со 93-73, па на крајот на годината ЦСКА и Уникс ќе презимат на првите две места на табелата. Ол-стар натпреварот ќе се одржи на 18. февруари 2024 година во Москва во ВТБ Арената.

Се вчитува...