Рајковиќ подобар од Димитријевиќ во руското кошаркарско дерби

Екипата на ЦСКА Москва го совлада тимот на Уникс Казан со 79-66 во руското дерби. Предводникот на ЦСКА Москва Емил Рајковиќ, дојде до 11-та победа во 12 натпревари, додека Уникс го претрпе третиот пораз, и остана на втората позиција на табелата.

Ненад Димитријевиќ беше стартер кај Уникс, меѓутоа поради настинка не можеше да го даде максимумот, иако беше прв стрелец во својот тим со 16 постигнати поени. Македонскиот репрезентативец мина на паркетот нецели 33 минути. Имаше шут од 4/9 за два поени, 2 од 6 за три поени и 2/2 за еден поен.

ЦСКА дојде до победата благодарение на одличната игра во вториот период кој го доби со 9-18, и така на полувреме замина со 11 поени разлика. Потоа до крајот само ја одржа предноста.

Се вчитува...