Рајн-Некар Левен на колена пред „џинот“ Жарко Пешевски

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски беше меѓу најзаслужните за одличната игра и триумфот на Штутгарт над Рајн-Некар Левен, изразен со убедливи 32-28.

Штутгарт веќе го има обезбедено опстанокот, што придонесува Пешевски и соиграчите без дополнителен притисок да играат одличен ракомет. Тоа на своја кожа најдобро го почувствуваа „лавовите“ од Манхајм, кои денеска настрадаа и претрпеа заслужен пораз. Штутгарт доминираше од самиот почеток, на одмор заминувајќи со водство од 15-11, позитива што Пешевски и соиграчите ja задржаа до самиот крај.

Македонскиот пивот одигра одличен меч постигнувајќи пет погодоци со само едно промашување. Најефикасен кај Штутгарт беше Кристјансон со осум погодоци, исто толку на спротивната страна постигна шведското крило Џери Толбринг.

Се вчитува...