Рајн Некар Левен триумфираше над Штутгарт, Талески скромен

Македонскиот репрезентативец Филип Талески со еден постигнат гол го заврши натпреварот за Рајн Некар Левен против Штутгарт во 18. коло од Бундеслигата.

Рајн Некар Левен славеше со 34-29 во меч по кој со 31 бод се проби на второто место на табелата во германскиот шампионат. Талески мечот го заврши со еден погодок од три обид кон противничкиот гол.

Најефикасен во победничкиот тим беше Колбахер со седум погодоци, а Петерсон и Сигурдсон натпреварот го завршија со по шест постигнати гола.

Се вчитува...